Британците се пишманија, светското првенство само денеска со публика, од утре празни трибини

Светското првенство во снукер почна денеска со ограничен број на публика на трибините во „Крусибл театарот“ во Шефилд, но британската влада донесе одлука на сите спортски настани да се забрани присуство на гледачи, па така од утре, трибините ќе мора да бидат целосно празни. Оние среќници кои денеска гледаа во живо мечеви од СП, ќе бидат единствените привилегирани.

Одлуката на владата може да се промени за две недели, па можеби за финалето на СП во снукер ќе смее да има по 205 гледачи како денеска, а дотогаш, сигурно ќе се игра без публика. Некои играчи како ѕвездата Рони О′Саливен, се жалеа и бараа воопшто да нема публика, па желбата ќе им биде исполнета, иако ова не им се допаѓа на челниците на светската снукер асоцијација.

 

- Оглас -

Најнови вести