Брутална казна за првакот на Азија- Не се игра меч 9 против 11, Ал-Хилал е исклучен од Лигата на шампионите

Челниците на Азиската фудбалска федерација, АФЦ, на суров начин го казнија првакот на континентот, Ал-Хилал и го исфрлија од Лигата на шампионите поради недоволен број фудбалери пријавени за настап на мечот со Ал-Ахли.

Дуелот што требаше да се игра вечерва од 20 часот меѓу Ал-Хилал и Ал-Ахли во последен момент беше откажан, па нема да се случи срам во азиската Лига на шампиони и дуел 9 на 11 во вакво важно натпреварување.

И веднаш од АФЦ донесоа одлука да го елиминираат Ал-Хилал од овој циклус на натпревари во азиската Лига на шампиони.

Објаснувањето е дека клубот од Саудиска Арабија, кој е актуелен првак на Азија и рекордер со три титули, не успеал да пријави минимално потребен број од 13 играчи за дуелот против Ал-Ахли. Домаќините поради пандемијата со ковид-19 што го зафати клубот имаа на располагање само осуммина играчи и три голмани, па дури и беше објавен записник за мечот, во кој имаше само осуммина фудбалери во поле кај Ал-Хилал, еден голман и уште двајца негови колеги како резерви.

Ал-Хилал не успеа да најде уште двајца играчи за потребниот минимум и загуби многу. Саудијците секако ќе се пласираа во следната фаза во ЛШ и со пораз од Ал-Ахли, бидејќи имаа недостижни 4 бода предност пред Пахтакор, кој тргна во последното коло во Б групата со 7 бода.

АФЦ одлучи да ги избрише сите резултати на Ал-Хилал и објави дека Ал-Ахли и Пахтакор одат понатаму во следната фаза од ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести