Брутална порака од трибините: Исечи си ја главата идиоту!

Португалскиот Гимараиш беше последниот тим кој успеа да се избори за место во групната фаза од Лигата на Европа, откако минимално со 1:0 славеше против ФЦСБ. Единствениот гол беше постигнат од пенал во второто полувреме, но и тоа беше доволно за радост на домашните фанови, бидејќи првиот меч во Букурешт заврши без погодоци.

По победата на Гимараиш, домашните фанови му испратија порака на претседателот на романскиот тим, Џиџи Бекали. Контроверзниот Бекали пред мечот најави дека, „ќе си ја исече главата“ доколку неговиот тим прими гол од екипа како што е Гимараиш.

„Преслаб тим се за да се плашиме од нив. Да играме три дена, нема да ни дадат гол. Не направија апсолутно ништо на првиот меч. Ќе си ја отсечам главата ако ни дадат гол во реваншот“, рече Бекали пред средбата.

По мечот, Гимараиш се радуваше, а ФЦСБ беше тој кој во 180 минути не постигна ниту еден гол. Фановите на Гимараиш веднаш го потсетија Бекали што треба да направи ако ФЦСБ прими гол, па му пратија порака од трибините „Исечи си ја главата идиоту!“

 

- Оглас -

Најнови вести