Будуќност се избори за мајсторка во Белград, Црвена ѕвезда испушти победа за титула

Будуќност ја победи Црвена ѕвезда со 81-80 во четвртиот меч од финалната серија во регионалната АБА лига, па мајсторката во Белград ќе го одреди шампионот на јадранската лига. Ѕвезда ги доби првите две средби во Белград, потоа Будуќност двапати го одбрани домашниот терен во Подгорица, па српскиот тим ќе биде благ фаворит во решавачкиот дуел.

Вечерва имаше вистинска драма во салата „Морача“. Ѕвезда даде кош за 80-78 на 1,48 минути до крај, но се покажа дека тоа ќе бидат последните поени за Црвено-белите. Будуќност изедначи, па поведе минимално на 7 секунди до крајот, а гостите го имаа последниот напад. Лојд кој со 23 поени беше прв стрелец кај Ѕвезда, утна шут за победа и титула. На секунда до крај, Ѕвезда изведе аут, Давидовац упати шут, но не погоди, па Сините се радуваа заедно со своите навивачи.

- Оглас -

Најнови вести