Бугарите промашија пенал во 90+12 минута, а потоа „плачеа“ дека биле навредувани (Видео)

Бугарскиот првак Лудогорец ги заврши настапите во квалификациите од Лигата на шампиони, откако со 2:1 загуби на гости во Љубљана од Олимпија. Првиот меч во Бугарија заврши 1:1, што значи дека словенечкиот првак оди понатаму со вкупни 3:2.

Вистинска драма имаше на стадионот „Стожице“ откако во 90+12 минута Лудогорец имаше шанса да израмни од пенал, но капитенот на гостите Десподов промаши од белата точка, што беше знак за голема радост на домаќините.

По поразот, гостите од Бугарија се жалат дека биле навредувани од домашната публика. Дел од бугарските медиуми дури и потенцираат што било скандирано на сметка на гостите. Еден од непријстојните скандирања било викањето „Бугари-Цигани“. 

Бугарските медиуми побараа УЕФА да реагира на ваквите провокации и навреди. Интересно е дека Бугарите бараа санкција и за Шкупи по мечот против Левски во Скопје, а УЕФА експресно реагираше и го казни Левски со парична казна од 40.000 евра и тоа поради скандирање на етничка основа и политички пароли, како и нереди на трибината за гостински навивачи.

- Оглас -

Најнови вести