Бум! Мекгрегор се враќа во октагонот, познато и кога ќе се бори

Поранешниот светски првак во суперлесна категорија Конор Мекгрегор дефинитивно ја прекинува пензијата и ќе се врати во октагонот. Мекгрегор годинава во два наврати најави дека се повлекува од професионалното борење во мешани боречки вештини, но потоа ги запали социјалните мрежи со најавата дека би можел да се бори на 14 декември.

Сепак, наместо пред Новата година, Ирецот своето враќање во октагонот ќе го има на 18 јануари, и тоа во Лас Вегас, градот каде што го претрпе поразот од Хабиб Нурмагомедов во неговата последна борба.

„За 12 недели се враќам во октагонот. Датумот го договорив и не е важно кој ќе ми биде противник. Во одлична физичка форма сум, а веќе направив промени на себе за да бидам уште посилен за борбата. Потребни се 66 дена за да се создаде навика, па сега легнувам и станувам порано, дури и го ограничив конзумирањето алкохол. Структурниот пристап е клучен за успехот, сите милијардери мора да се организирани“, истакна Мекгрегор за Би-би-си.

По првата борба, Мекгрегор планира уште две, сака да се бори против победникот од Дијас и Масвидал, а потоа желба му е да организира реванш против Хабиб Нурмагомедов, а ако не му успее тоа, Конор најверојатно ќе се соочи со Тони Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести