Челзи го победи Сити на гости и покажа дека финалето во ЛШ ќе биде драматично

Челзи со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 2:1 на гости кај Манчестер сити, во дербито од Премиер лигата. Овој дуел е и како најава за финалето во Лигата на шампиони, кога во Истанбул на 29 мај, ќе играат истите два тима.

Манчестер сити очекуваше триумф со кој денеска и официјално ќе беше промовиран во нов првак. Граѓаните добро започнаа, а со фуриозна игра во финишот од првото полувреме стигнаа до предност од 1:0, благодарение на голот на Рахим Стерлинг во 44 минута. На полувремето можеше да биде и 2:0 за Сити, но Агуеро промаши пенал, откако неговиот Паненка удар го одбрани Менди.

Челзи во второто полувреме покажа дека не случајно е во финалето од Лигата на шампиони, па преку Зиеш во 63 минута израмни на 1:1. Кога се очекуваше дуелот да заврши нерешено, во 90+2 минута, Алонсо постигна и втор погодок за Челзи, за комплетираше на пресвртот на лондонскиот тим.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести