Човекот задолжен за опремата на Сити „шизна“ по победата во ФА купот (видео)

Манчестер сити во голем стил стигна до тројна круна во Англија откако во финалето од ФА купот триумфираше со 6-0 против Ватфорд. Историското остварување нормално помина со славје со соблекувалната, но еден член на Граѓаните беше пресреќен.

Станува збор за човекот кој е задолжен за опремата во клубот од Манчестер, Брендон Ештон. Тој истрча во соблекувалната само по долен веш, почна да скока врз играчите и на крајот заврши во корпата со валканите дресови. Глупирањето не престана тука, тој си доби и шампањски туш.

https://twitter.com/city_xtra/status/1129829085881020420?s=21

- Оглас -

Најнови вести