Чурлинов: Вакво нешто ретко се доживува во животот

Дарко Чурлинов со Шалке 04 успеаја да се вратат во Бундеслигата, откако вчера сом 3:2 го победија Сент Паули.

Сосема очекувано, потоа следеше ерупција од радости во Гелзеркирхен, а македонскиот напаѓач кој што беше асистент на еден од головите, говореше за медиумите какво е чувството да се биде дел од сето тоа.

„Тука дојдов со единствена цел, а тоа е да го вратиме тимот во Бундеслигата, што и успеавме. Иако губевме со 0:2, едонставно знаевме дека ќе се вратиме и дека ќе победиме.

Сакам да им се заблагодарам на навивачите бидејќи вакво нешто, ретко се доживува во животот“ изјави Чурлинов.

Сè уште не е познато која ќе биде иднината на фудбалски план на нашиот репрезентативец бидејќи позајмицата во Шалке му завршува по крајот на оваа сезона и ќе треба да се врати во Штутгарт, но доколку има интерес, тимот од Гелзеркирхен може да ги започне преговорите за откуп на договорот.

- Оглас -

Најнови вести