Даде гол, го бакнуваше грбот на Украина, па потоа испрати јасна порака

Бенфика одигра 2:2 на свој терен против Ајакс, а мечот го одбележа напаѓачот на домаќините, Роман Јаремчук. Украинскиот интернационалец во редовите на Бенфика на теренот влезе во 62-рата минута, а само десет минути подоцна успеа да ја затресе мрежата на Ајакс и да израмни на 2:2.

Веднаш по постигнувањето на погодокот, Јаремчук го соблече дресот, а под него имаше маица со грбот на Украина. Фудбалерот гордо ја бакнуваше маицата со грбот на неговата земја, која започна војна со Русија.

Русите и официјално започнаа со инвазија на дел од украинските градови, со што започнува една нова војна. Фудбалерот на Бенфика, по мечот со Ајакс објасни зошто ја покажал маицата со грбот на Украина.

„Украинец сум и горд сум на тоа. Илјадници километри сум одалечен од татковината, но сакам да дадам поддршка на сите оние кои живеат во тензија. Сега е време да се обединиме. Ова е наша држава, наша историја, наша култура, наш народ и наши граници. Сакам да се заблагодарам на сите оние храбри луѓе кои ги бранат нашите граници. Слава на Украина“, беше пораката која Јаремчук ја испрати преку социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести