Дали е ова утка на сезоната во Премиерлигата? (Видео)

На натпреварот помеѓу Ливерпул и Кристал Палас, Црвените водат со 1-0, со гол на Садио Мане, кој на девет меча по ред дава гол против Палас, а пред тоа, огромна нереализирана шанса имаше Португалецот Диого Жота.

Тијаго Алкантара имаше шут со глава, голманот Гуаита ја одби топката и беше легнат, а натрча Жота, кој од 2-3 метри наместо само да ја испрати топката во мрежа, шутна силно, и топката летна високо над голот.

- Оглас -

Најнови вести