Дали ова е најава за нов пораз на Македонија на Светското првенство? (Фото)

Македонската ракометна репрезентација денеска од 15:30 часот ќе го игра четвртиот меч на Светсктото првенство во Полска и Шведска. По трите средби бо групната фаза, Македонија заврши како последна со три убедливи порази од Норвешка, Холандија и Аргентина, па затоа сега е дел од групата во Преиздент купот, каде играат најслабите од сите селекции по првата фаза.

Македонија денеска за ривал го има Алжир, а според квотите нашите ракометари треба конечно да победат. Сепак, ако се споредат квотите кои беа вчера за овој дуел и тоа што сега се нуди, може да се забележи дека полека но сигурно се зголемуваат шансите за Алжир да победи, а Македонија повторно да разочара.

Вчера во Sport Life за триумф на Македонија, квотата беше 1.60, а денеска таа е зголемена на 1.70. Ако вчера за победа на Алжир се даваше коефициент од 2.85, сега таа квота е намалена на 2.70.

- Оглас -

Најнови вести