Дали ова е знак дека Димитриевски прави трансфер во Барселона?

Столе Димитриевски денеска не е на голот на Рајо Вајекано во дуелот против Бетис. Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата сезонава беше стандарден и на голот на Рајо Вајекано и токму Димитриевски е еден од најзаслужните што малиот тим од Мадрид е во горниот дел од табелата.

По првиот дел од сезоната во шпанското првенство, Димитриевски е голманот со најдобар процент на одбранети удари и токму поради тоа го привлече вниманието и на Барселона. Каталонскиот гигант уште пред 15-тина дена најави дека ги следи настапите на Димитриевски и дека е можно во јануарскиот преоден рок да го доведе на „Камп Ноу“.

Во денешното официјално соопштение од Рајо Вајекано стои дека Димитриевски поради непознати причини воопшто не е во составот за дуелот против Бетис. Оваа „мистерија“ зошто Димитриевски денеска не игра, може да е најава за неверојатен трансфер, па во блиска иднина да го видиме Димитриевски на голот на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести