Дали ваквите контакти на Ѓоковиќ со Димитров значат дека и најдобриот тенисер е заразен од корона-вирусот? (Фото)

Бугарскиот тенисер Григор Димитров вчера соопшти дека е позитивен на корона-вирусот откако во претходните неколку дена чувствувал замор и болки во мускулите. Димитров тестот го направил во Монте Карло, каде што заминал по турнирот „Адрија“ во Задар.

Во изминативе 10-тина дена Димитров беше дел од турнирите во Белград и Задар кои беа во организација на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ. Засега не е јасно како бугарскиот тенисер се заразил, но факт е дека бил во постојан близок контакт со многу луѓе.

Најголемиот дел од тенисерите кои беа дел од турнирот веќе се тестираа, а прв пристигна резултатот на Доминик Тим, кој е негативен. Останува денеска да се дознае дали Ѓоковиќ го има вирусот, посебно што во последните неколку дена беше во интензивен контакт со Димитров.

Тенисерите пред некој ден играа ревијален кошаркарски меч, кога Димитров и Ѓоковиќ имаа многу блиски контакти. Освен со Ѓоковиќ, Димитров беше во близок контакт со уште многу други луѓе, па кај многумина владее стравот дали се заразени од опасниот вирус.

- Оглас -

Најнови вести