Давид против Голијат во битка за европскиот Суперкуп

Екипите на Баерн Минхен и Севилја вечерва во 21 часот на „Ференц Пушкаш“ во унгарската престолнина Будимпешта ќе ја почнат битката за Суперкупот на УЕФА, а според коефициентите во обложувалниците Sport Life, голем фаворит за победа е баварската машина која неодамна ја освои Лигата на шампионите.

Да беше ова меч од Лигата на Европа, не би се обложиле против Севилја, но вака, тешко ќе има биде на Андалузијците. Сепак, Севилја не смее да се отпише предвреме, а многу полемики околу оваа средба предизвика и одлуката да се игра со ограничен број публика. УЕФА сака постепено враќање на гледачите на трибините, во продажба пушти 20.000 билети (една третина од капацитетот на стадионот), но ризикот е голем.

Многумина мислат дека не беше време за таква одлука, па дел од фановите на Баерн кои имаа билети, ги враќаа бидејќи не сакаат по враќањето дома, да седат две недели во изолација.

Баерн надмоќно дојде до титулата во ЛШ, феноменално ја отвори и новата сезона во Бундеслигата, со 8 гола во мрежата на Шалке, па Севилја ќе има проблем да ги запре. Севилја се засили со Иван Ракитиќ од Барселона, а Баерн го донесе Лерој Сане од Манчестер сити. Шпанскиот тим е рекордер во Лигата на Европа и се разбира дека улогата на фаворит му ја препуштаат на противникот.

„За мене, во овој момент Баерн е најдобриот тим на светот. Гледајќи ги како играат како тим, каков пресинг прават, како се бранат и како напаѓаат, тие се како вистинска фудбалска машина”, вели Лук де Јонг, еден од адутите на Севилја, и тој во кратката изјава кажа многу.

Во редовите на Баерн, Суперкуп имаат играно Мануел Нојер, Боатенг, Алаба, Милер. Тие беа во Баерн и во 2013 година, кога на пенали го победија Челзи. Нојер изјави дека тој Суперкуп му бил посебен меч во кариерата и дека така мислат и останатите кои играле тогаш против Челзи, кога Баерн се спаси од пораз во 120-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести