Де Розан се претплати на неверојатни тројки за победа, сега „настрада“ Вашингтон (ВИДЕО)

Демар Дерозан втор натпревар по ред постигнува победничка тројка за својот тим Чикаго булс.

Овој пат тоа се случи на дуелот против Вашингтон визардс каде што Чикаго славеше со 117:116 по продолженијата, повторно благодарение на трите поени пред самиот звук на сирената.

За разлика од минатиот пат против Индијана, кога Де Розан погоди откако отскокна со една нога, сега, ситуацијата беше далеку потешка, бидејќи двајца кошаркари на Вашингтон се обидоа да го изблокираат, но, не успеаа во својата намера.

Тројката на Де Розан против Индијана:

- Оглас -

Најнови вести