Денеска е голем ден за Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер, денеска од 14.30 часот го почнува својот натпревар на „Србија опен“ против Кореецот Сун Ву Квон, и тоа ќе биде негов прв официјален натпревар во родниот Белград по пауза од девет години.

Ѓоковиќ ќе се обиде по трети пат во кариерата да освои турнир од серијата 250. Кореецот, кој е 85-ти на АТП-листата, во првото коло во Белград го победи Роберто Карбалјес Баена. Досега 23-годишниот тенисер, на кој земјата не му е омилена подлога, никогаш не играл против Ѓоковиќ. Квон е познат во Кореја и по тоа што порано тренирал фудбал, но сепак се решил за тенисот, а неговата сестра била мис на Јужна Кореја во 2015 година.

Иако нема да има публика, сепак за Новак ова е голем ден бидејќи тој не крие дека сака да игра во својата земја и има ретка прилика да го стори тоа. Чекањето од девет години беше предолго.

- Оглас -

Најнови вести