Депај ќе ја тестира одбраната на Бордо

Шифра 1702: Бордо – Лион (21.00 часот)

Третото коло во француската Лига 1 стартува со дерби помеѓу два тима кои сезонава ја почнаа добро, Бордо со четири бода од два меча, а Лион со победа од 4-1 во единствениот меч. Бордо е тим кој не прими гол во првите две кола, а Лион беше ефикасен против Дижон, па одбраната на домашните ќе биде ставена на тест. Најопасен играч на Лавовите е Депај, кој чека понуда од Барселона. Ако се смета и претходната сезона, Бордо дома има серија од четири нерешени по ред, но Лион на гости многу ретко ремизира. Последните две гостувања на Лион во Бордо беа победнички, со голови на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.93)

 

Шифра 3131: Чукарички – Црвена ѕвезда (19.00 часот)

Српскиот првак одлично ја почна сезонава, има шест победи во шест кола и 18 постигнати голови, наспроти само два примени. Но, ако некаде може да има проблеми Ѕвезда, тоа е веројатно гостување против Чукарички, тим кој исто така не знае за пораз сезонава (4 победи и две ремија) и има гол-разлика 14-3. Ѕвезда на последните четири гостувања на Баново Брдо даваше по два гола и загуби само еднаш, додека ги доби другите три дуели. Се чини дека и овојпат гостите ќе мора да дадат барем два гола ако сакаат победа.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.35)

 

Шифра 1901: ЛАСК – Австрија Виена (20.30 часот)

Ова е меч од првото коло во новата сезона во австриската Типико Бундеслига. Домашните се фаворити на хартија, но на старт на сезона секогаш се можни изненадувања. Тимот од Виена во подговителниот период прими дури 11 гола од Борусија Дортмунд, па потоа играше со слаби ривали за враќање на самодовербата. Традицијата е на страната на ЛАСК, кој доби четири од последните пет меча со Австрија и сите тие победи беа барем со два гола разлика.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.90)

 

Шифра 1011: Ватфорд – Мидлсборо (20.45 часот)

За Ватфорд оваа сезона нема да биде лесна бидејќи по испаѓањето од Премиерлигата, го чека тешка и долга битка за враќање во елитата. Неиграњето на Делофеу ќе биде хендикеп за домашните, но Ватфорд пред шест дена во пријателски меч го победи Тотенхем и покажа дека е во форма. Мидлсборо на двата меча во септември играше многу ефикасно, еднаш со шест (го растури Њукасл со 5-1) и еднаш со седум гола (4-3 против Шрусбери во ЕФЛ трофејот), но во меѓусебните дуели на овие екипи најчесто било со 0-2 гола.

Предлог тип: ГГ (2.07)

 

Шифра 1951: Ризеспор – Фенербахче (19.00 часот)

Турската лига се отвора со дуел на кој Фенербахче треба да го поправи впечатокот од минатата сезона. Фенер го победи Ризе со 3-1 на 25 јули, во последното коло од минатата сезона, па сега домашните ќе сакаат реванш. Истанбулските Канаринци не загубија ниту еден контролен меч во изминатите триесетина дена, за разлика од Ризеспор, кој губеше и примаше многу голови. Фенербахче од 18 јануари наваму нема лигашка победа на гостински терен.

Предлог тип (квота на ден во Sport Life): Х2 & 3+ (2.30)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Чукарички – Црвена ѕвезда 2-2 & 0-4 (2.50)

Ризеспор – Фенербахче Х2 & 3+ (2.30)

Бордо – Лион 2 & Т2 2+ (2.65)

- Оглас -

Најнови вести