Џа Морент ги поништи законите на физиката со забивање што ќе се памети (Видео)

Џа Морент одигра брилијантен меч со многу пресврти и е најзаслужен за победата на Мемфис гризлис од 111:109 против Минесота, со која Мечките водат со 3:2 во возбудливата плејоф-серија од првото коло во Западната конференција.

Големиот талент на Мечките постигна победнички кош во последната секунда, откако Едвардс израмни за Волците на 109:109 со тројка само на 4 секунди до крајот.

Морант беше присебен и атрактивно го погоди кошот на гостите за победа, а претходно го имаше и најатрактивниот потег на мечот.

Џа летна во воздухот и на неверојатен начин ја заби топката во кошот преку Малик Бисли.

Морент и соиграчите успеаја да анулираат двоцифрена разлика во последниот период и тоа им поаѓа од рака вторпат во возбудливата серија со Минесота.

Ноќеска губеа со 11 поени разлика пред стартот на последниот период од 12 минути, а претходно имаа негатива од цели 26 поени на третиот меч што го добија со 104:95.

Сега им треба уште една победа за пласман во второто плејоф-коло, но ќе гостуваат на шестиот меч за два дена во Минесота.

 

- Оглас -

Најнови вести