Џејмс ќе ја продолжи одличната низа на Лејкерс, Харден мора да се оддолжи за фијаското против Далас

Кливленд кавалирс – Орландо меџик (01ч, НБА лига)

Двете екипи се со негативен учинок и многу тешко успеваат да ги остварат своите цели. Тоа резултат на честите повреди и кај Кливленд и кај Орландо, па така ќе биде и во овој дуел. За Кавалирс нема да игра Кевин Лав, додека Никола Вучевиќ и Арон Гордон ќе бидат отсутни кај Магичните.

Кливленд е во негативна форма од четири порази во последните пет меча, додека Орландо нареди три разочарувачки резултати и тоа против екипи кои се борат за местата кои водат во разигрувањата. Според меѓусебните пресметки, Орландо има морална предност бидејќи славеше на четири од последните пет меча против Кливленд, а тие средби завршувале со помалку од 205 поени.

Предлог тип: <205,5 (1.93)

 

Торонто репторс – Њујорк никс (01:30ч, НБА лига)

Торонто е во серија од четири последователни победи, а ноќеска шампионот има шанса да ја продолжи низата бидејќи во „Скотјабенк арената“ гостува прежалениот тим на Њујорк. Никс претрпеа 13 порази на вкупно 17 меча и се претпоследни на табелата во Источната конференција.

Рептилите воедно негуваат одличен учинок против Њујорк од шест победи по ред, од кои четири се остварени на гостински терен. Сепак, ноќеска може да имаат проблеми бидејќи во составот на Торонто ќе недостасува лидерот Лаури. Меѓутоа, Торонто се одвикна да зависи од само еден играч, како што беше тоа со Кавај Ленард, па сега тимската игра им е најопасно оружје.

Предлог тип: 1 хендикеп -10,5 поени (1.90)

 

Џејмс Харден (Хјустон рокитс – Мајами хит – 02ч, НБА лига)

Брадата ќе сака што побрзо да го заборави дуелот против Далас, во кој имаше катастрофален учинок пред сè од линијата за три поени. Харден иако постигна 32 поени, заврши со 2/15 тројки и потроши голем број на топки кои Маверикс ги претвораа во лесни поени.

Мисијата на Харден е да стави крај на мини-серијата од три порази на Хјустон, бидејќи тој учинок ги доведе во ситуација да претрпат пад на табелата до шестата позиција, а до пред неколку дена го следеа чекорот со водечките Лејкерс.

Хјустон славеше во три од последните пет меча против Мајами, а во тие средби Харден беше незапирлив постигнувајќи 41, 44 и 58 поени. Таков настап се очекува од него и ноќеска, затоа ќе типуваме дека ќе го надмине просечниот учинок.

Предлог тип: Харден >37,5 поени (2.0)

 

Мемфис гризлис – ЛА клиперс (02ч, НБА лига)

Док Риверс најде супер-решение како да го извади максимумот од Ленард и Џорџ, а при тоа да не ги троши до крајност. Двете ѕвезди заедно го стартуваат мечот, а потоа Риверс тактизира со тоа што кога едниот е расположен и игра на високо ниво, другиот одмара на клупата и чека прилика да стапи на паркетот доколку треба да се одлучува меч.

На тој начин Клиперс функционираат одлично и тоа се познава по моменталната форма. Наредија шест победи, а ноќеска гостуваат кај лошиот Мемфис со големи очекувања дека ќе ја продолжат серијата. Тимот на Гризлис загуби во последните четири меча и тоа со двоцифрена разлика, па не се гледа начин на кој би ги сопреле расположените Клиперс.

Предлог тип: 2 хендикеп -8,5 поени (2.05)

 

Леброн Џејмс (Њу Орлеанс пеликанс – ЛА лејкерс – 03:30ч, НБА лига)

Лејкерси дефинитивно се најдоминантниот тим на Западот, а сето тоа е благодарение на добро завршената работа на тренерот Вогел од тактички план, како и желбата на Џејмс и Дејвис да стигнат до толку посакуваниот шампионски прстен. Затоа Езерџиите по оној пораз од Торонто на домашен терен повторно влегоа во топ-форма и наредија осум победи, но мисијата е да се запише деветтата по ред.

Кралот во својата 17-та сезона во НБА лигата игра како е млад и полн со желба за докажување, а всушност низ годините покажа дека е меѓу најдобрите во историјата. Затоа ноќеска Џејмс ќе ги предводи Лејкерс кон нова победа Њу Орлеанс, тимот кој поседува голем дел од ланскиот ростер на Езерџиите, како младите Лонзо Бол и Брендон Инграм, но и Џош Харт.

Предлог тип: Џејмс >26,5 поени (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести