Џенова ли е, Истанбул ли е? Факел на терен, а нема никој на трибините (Видео)

Во третата минута од 121-вото градско дерби помеѓу Џенова и Сампдорија на теренот на „Луиџи Ферарис“ влета еден факел. Судијата ги предупреди играчите и кратко го прекина мечот. Никој не знае од каде долета пиротехничкото средство, но изгледа фановите сакаа да потсетат колку им значи дербито и дека се тука околу стадионот.

Слична ваква ситуација имаше неодамна и во Истанбул, на дербито помеѓу Фенербахче и Галатасарај.

https://streamable.com/7az23j

- Оглас -

Најнови вести