Дивац се инаети, и после отказот тврди дека не погрешил што не го драфтувал Дончиќ

Владе Дивац веќе не е генерален менаџер на Сакраменто кингс, една од причините поради кои беше разрешен беше лошиот избор на драфтот во 2018 година кога наместо да го земе Лука Дончиќ чии квалитети добро го знаеше, реши во екипата на Сакраменто да го ангажира Марвин Багли. Дивац и сега тврди дека Багли бил подобро решение за Кралевите отколку Дончиќ, иако јасно е дека разликата во квалитет помеѓу нив е голема во полза на Словенецот.

Лука е една од најголемите ѕвезди во НБА, беше дебитант на годината, игра како ретко кој на негова возраст во историјата на НБА, но тоа не е доволно Дивац да признае дека погрешил.

„Јас ја донесов одлуката и тогаш ми делуваше како логична и правилна. Уште мислам дека Марвин има поголем потенцијал од Дончиќ, само му треба време да се покаже. Ќе докаже дека грешат сите кои го потценуваат. Сепак, некои луѓе во НБА немаат доволно трпение“ – изјави 52-годишниот Дивац.

- Оглас -

Најнови вести