Додека се врати клупскиот фудбал, ќе се обложиме на европска кошарка

Во одлична серија сме – изминативе три дена погодивме 14 од вкупно 15 предлози, што значи дека имаме два добитни тикети. Се надеваме дека и денешните предлози ќе бидат исто така успешни.

Барселона – Фенербахче (21ч, деветто коло од Евролига)

Овој дуел треба да биде најавен како големо дерби, но знаејќи во каква криза е Фенербахче, се губи сјајот на средбата. Европскиот првак од 2017 година тоне кон дното на табелата, во осум дуели оствари само две победи, а Обрадовиќ со секој нареден меч сè повеќе го губи трпението со неговите кошаркари.

Иако Фенербахче четирипати загуби во последните пет кола, надеж и мотив дека вечерва може да ја освојат „Блауграна“ им дава фактот што веќе го сторија тоа во последните четири гостувања. Фенер има шест победи во низа во директните дуели против Каталонците, а доколку им треба дополнителна психолошка сила за да излезат од кризата, може да ја бараат во повредите на Ертел и Пангос.

Барса иако е при врвот во Евролигата, кошаркарите на Пешиќ загубија во два наврати во последните пет кола, од кои еден пораз е од лутиот ривал Реал Мадрид.

Предлог тип: <154,5 поени (1.93)

 

Басконија – ЦСКА Москва (21ч, деветто коло од Евролига)

Басконија сама на себе си наштети со трите порази во последните пет кола, влошувајќи го учинокот и покрај тоа што шпанскиот состав знае да се прикаже во одлично издание. Вечерва во Виторија гостува актуелниот европски првак, тимот на ЦСКА Москва, кој ќе биде ослабен со отсуството на Вил Клајбурн. Армејците се чувствуваат удобно во „Фернандо Буеса арената“, на тој терен ги добија двата клучни меча за пласман на Ф4 минатата сезона, што им беше како ветар во грб за да направат подвиг до европската круна.

ЦСКА треба да ја искористи кризата на Басконија и да ја запише седмата победа. Тренерот Итудис веќе го има победничкиот рецепт бидејќи тој се покажа како успешен во четири од последните пет меѓусебни дуели против Басконија.

Предлог тип: 2-2 (2.05)

 

Дарушафака – Хувентуд (18:15ч, осмо коло од Еврокуп)

Која било екипа да загуби, ќе го задржи местото кое води во фазата топ 16 од Еврокупот, меѓутоа и Дарушафака и Хувентуд целат на позитивен резултат за што побрзо да го осигурат посакуваниот пласман во нокаут-фазата. Еден од клучните играчи на Хувентуд во обидот да се дојде до посакуваниот триумф против шампионот во ова натпреварување од пред две сезони треба да биде македонскиот претставник Нено Димитријевиќ.

Македонскиот разигрувач има голема доверба од неговиот тренер, што е важно за играч кој сè уште се смета за млад и перспективен кошаркар. Во минималната победа од 85:82 која Хувентуд ја оствари минатиот месец на домашен терен, Нено постигна 8 поени и 3 асистенции, придонесувајќи за шпанскиот состав да поведе со 2-1 во меѓусебните дуели против Дарушафака.

Предлог тип: <80,5 II (1.80)

 

Гдиња – Будуќност (20ч – осмо коло од Еврокуп)

Гдиња и Будуќност се двете најслаби екипи во групата Д, но Полјаците имаат две победи повеќе од јадранскиот вицепрвак кој првиот триумф го запиша дури во претходното коло против Тренто. Гдиња пред еден месец ја освои „Морача“, а вечерва пред домашна публика има шанса да го добие двомечот со Црногорците и да им ја запечати судбината.

Сепак, домаќините се во лоша форма ако се сметаат дуелите од сите натпреварувања. Загубија пет од последните шест меча, додека Будуќност формата ја гради во АБА-лигата. Овој дуел не би требало да заврши со висок број поени.

Предлог тип: <149,5 поени (2.05)

 

Партизан – Ритас (20ч, осмо коло од Еврокуп)

Партизан беше во топ-форма до пред две кола. Црно-белите нанижаа пет победи, а потоа беа разочарани од Венеција и Тофас. Но, тоа не им ја загрози позицијата на табелата во групата Б, па и натаму имаат големи шанси за фазата топ 16. Тренерот Тринкиери знае како треба да се совлада Ритас, литванскиот состав веќе загуби од Партизан на домашен терен пред еден месец, така што прогнозата е нов триумф на белградскиот гигант.

Особено мотивирани се партизановци да продолжат да редат победи бидејќи во последниот дуел кој го одиграа го совладаа вечниот ривал Црвена ѕвезда.

Предлог тип: 1-1 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести