Повторно ги погодивме сите пет типстерски совети, одново ви понудивме добитен тикет!

Доколку го уплативте тикетот кој ви го предложивме вчера во нашата редовна рубрика Типстерски совети, сега имате добивка. Петте меча со мини-анализи и предлог-типови одеа според нашите очекувања и желби, па ги погодивме сите пет парови со вкупна квота од 25,93. За уплатени 100 денари, добивката ќе ви беше речиси 2.600 денари.

Ова е веќе вторпат за три дена да бидеме добитни. Во неделата ви понудивме пет меча и добитна квота од 24.45. Во понеделникот погодивме четири меча, фалеше еден гол на мечот Лихтенштајн – БиХ и тој предлог-тикет со квота над 30 да биде добитен.

Вчера претпоставивме дека Германците ќе победат во ефикасен меч против Северна Ирска, резултатот беше 6-1. Велс на свој терен беше фаворит против Унгарија и го оправда тоа со победата од 2-0, а и трети гол да дадеа, нашиот предлог ќе беше правилен. Полјаците се изнамачија за да ја победат Словенија, но за наша радост, го сторија тоа и како што беше и насловот на текстот, на македонската репрезентација ѝ помогнаа да дојде до трето место.

Дека некогаш знаеме да „намирисаме“ и што ќе се случува на кошаркарски мечеви, се докажа вчера. Податокот дека Химки игра лошо во првите четвртини беше доволен за да играме на кец на Реал во првиот квартал (31-25 за мадриѓаните), а кога игра една од најлошите одбрани во Евролигата, немаше зошто да не типуваме на мечот Алба – Ѕвезда дека ќе има над 162,5 поени. Паднаа десет повеќе.

Кој одигра, на здравје добивка, а ние продолжуваме со Типстерските совети секој ден, секако, и со полноќниот експрес во кој доминираат НБА-кошарката и НХЛ-хокејот.

Читајте Спорт Манија, следете ги нашите анализи и предлог-типови и секако уживајте во добитни тикети во Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести