„Доме сладок доме“ за Милвоки бакс

Милвоки бакс – Портланд трејлблејзерс (кошарка, НБА, 02.00 часот)

„Елените“ ја отвораат серијата од четири натпревари по ред на домашен терен откако во претходните шест дена само гостуваа. Сезонава Бакс дома има играно само четири меча. Портланд има осум порази на последните десет меча, не им помага премногу ниту ангажирањето на Кармело Ентони. Милвоки со 11-3 заедно со Бостон се лидери на Истокот, додека Блејзерс со 5-10 е претпоследен на Истокот. Портланд шест години не знае за победа во Милвоки.

Предлог тип: >227.50 (1.75)

 

Феникс санс – Њу Орлеанс пеликанс (кошарка, НБА, 04.30 часот)

Феникс има 7-6, Пеликанс 5-9, но тука не треба да се залетувате со прогнозирање победа на домашните бидејќи Санс оди по надолна, а Њу Орлеанс по нагорна линија. Домашните имаат два порази по ред, а гостите две победи едноподруго. Двата тима имаат проблеми со повредите, во аут им се важни кошаркари. Њу Орлеанс на сите мечеви сезонава прими над 100 поени, а последните два меѓусебни дуели им завршија нерешено и се играше продолжение.

Предлог тип: Т1&Т2 >112.50 (2.00)

 

Каролина хурикејнс – Филаделфија флајерс (хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Каролина има четири победи по ред, од кои две по продолжение, и веруваме дека ќе дојде до петти триумф во серија. Од друга страна, Летачите имаат четири порази и ќе загубат петти пат во низа. Традицијата најавува дека на овој дуел треба да има барем четири гола. Каролина е четврта на Истокот и е фаворит на хартија.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

Њујорк ајлендерс – Питсбург пингвинс (хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Њујорк има две цели, да победи и да даде гол, со што би поставиле клупски рекорд од 16 меча по ред барем со еден постигнат гол. На 7 ноември Ајлендерс не победија против Пингвините, иако имаа три гола предност. Питсбург е без Сидни Крозби, кој има кила. Двата тима одиграа нерешено во три од последните пет меча, а и четири од последните пет нивни меѓусебни дуели во Бруклин се решаваа во екстра период.

Предлог тип: 1 & 5+ (3.08)

 

Аризона којотс – Торонто мејплс лифс (хокеј, НХЛ лига, 03.00 часот)

Торонто по пет години соработка, се раздели со тренерот Бабкок и тоа е удар кој нема да биде лесен за тимот што има шест порази едноподруго. Иако смената на тренер често носи позитивна промена, тешко дека уште вечерва ќе се вратат на победнички пат. Аризона дома има две победи по ред без примен гол, а Којотите дома во февруари го победија Торонто со 2-0. Јаворовите листови можеби ќе дадат гол, но тешко дека ќе останат непоразени.

Предлог тип: 1 (2.40)

- Оглас -

Најнови вести