Дончиќ гадно го свитка зглобот и го напушти теренот, но направи историски трипл-дабл (Видео)

Лос Анџелес клиперс предводен од Каваи Ленард, го совлада Далас маверикс со 130-122 и поведе со 2-1 во нивната серија од првото коло на плејофот во НБА лигата. Ленард стана прв кошаркар во историјата на Клиперс кој на ист плејоф меч имал над 35 поени и над пет скока и асистенции. Тој заврши со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции.

Кај Далас, расположен беше Кристапс Порзингис со 34 поени и 13 скока што се негови лични плејоф рекорди, а Лука Дончиќ направи трипл-дабл со 13 поени и по 10 скока и асистенции, но на девет минути до крајот се повреди. Словенецот вели дека подобро што е левата нога, дека не е ништо страшно и се надева дека ќе може да игра на следниот меч, но денешните прегледи ќе ја утврдат тежината на истегнувањето.

Инаку, трипл-даблот е историски. Досега ниту еден член на Маверикс немал трипл-дабл на плејоф натпревар. Покрај тоа, Лука стана третиот најмлад играч во историјата на НБА, после Меџик Џонсон и Леброн Џејмс, кој направил трипл-дабл на меч од разигрување.

Бостон поведе со 3-0 против Филаделфија, откако славеше со 102-94, а Јута го прегази Денвер со 124-87 за предност од 2-1.

Ова е непријатниот момент кога Дончиќ си ја свитка ногата:

- Оглас -

Најнови вести