Дончиќ го сруши и рекордот на Мајкл Џордан

Лука Дончиќ е играчот кој е во центарот на вниманието по последните одиграни мечеви во НБА лигата. Ѕвездата на Далас одигра фантастичен меч и е најзаслужен што неговиот тим ја победи најдобрата екипа во лигата, Милвоки бакс.

Словенецот имаше трипл-дабл со кој сруши еден рекорд на Мајкл Џордан. За 42 минути поминати на теренот, Дончиќ имаше 36 поени, 14 скока и рекордни 19 асистенции. Дел од асистенциите беа во стилот на легендарниот Пистол Пит и може да ги видите ТУКА.

За Лука ова е трет трипл-дабл во последните пет меча, а сега постави и еден рекорд. Стана најмладиот кошаркар што успеал да има трипл-дабл со бројки од најмалку 35 поени, 15 асистенции и 10 скока. Словенецот ова го направи со 21 година и 162 дена, додека претходниот рекорд беше на легендарнито Мајкл Џордан на кого тоа му успеа со 21 година и 332 денови.

 

- Оглас -

Најнови вести