Дончиќ откри од кои кошаркари најмногу има научено, Баркли се чудеше дали едниот е лик од филм

Лука Дончиќ уште од стартот на новата сезона покажува дека е во врвна форма, иако многумина го критикуваа дека физички не бил доволно подготвен. Словенецот ноќеска одигра одличен дуел и беше најзаслужен за победата на Далас против Денвер, дури по продолжение. Дончиќ заврши со 38 поени, 13 асистенции и 9 скока, па иако остана без трипл-дабл учинок за еден скок, во клучните моменти ладнокрвно ги реши Нагетси.

По завршување на мечот, Лука директно од паркетот им беше гостин на легендарните Шекил О’Нил и Чарлс Баркли, кои му поставија интересно прашање. Словенецот требаше да одговори од кои кошаркари најмногу учел и дали е тоа повеќе од Американците или Европејците.

„Би рекол дека од сите имам земено по нешто. Секако дека во НБА секогаш ја следев играта на Леброн Џејмс, а во Шпанија имав одлични соиграчи, како што се: Серхио Љуљ, Фелипе Рејес и Руди Фернандес. Многу научив од нив. Големо влијание на мојата игра имаше и Спанулис, не знам дали вие го знаете, тој играше во Олимпијакос“, рече Дончиќ.

Кога Баркли ги слушна имињата на европските кошаркари, очигледно немаше многу поим кои се тие, а за Спанулис запраша дали е тоа лик од некој филм, покажувајќи дека нема поим кој е еден од најдобрите европски кошаркари.

 

- Оглас -

Најнови вести