Дончиќ се сретна со Азар и му посака успешна операција (Видео)

По завршувањето на натпреварот од НБА-лигата помеѓу Далас маверикс и Њу Орлеанс пеликанс, на кој Лука Дончиќ влезе во историјата како играч со најмногу забележани трипл-дабл во дресот на Дивите телиња, младиот Словенец се сретна со фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар, кој вечерва треба да биде опериран во Далас.

Дончиќ како дете кариерата ја почна во Реал Мадрид, а откако освои се со Кралскиот клуб и ги доби и сите индивидуални награди во Шпанија и Евролигата, се пресели во НБА. Сега и во НБА гази како ретко кој европски играч, па омилен е кај сите љубители на кошарката. Лука во секоја прилика покажува дека остана голем фан на Реал, тоа значи дека навива и за Азар, па на Белгиецот му посака успешна операција и што побрзо враќање на фудбалскиот терен.

Тие си разменија и дресови, а и Бобан Марјановиќ не ја пропушти приликата да се поздрави со Азар.

- Оглас -

Најнови вести