Дортмунд не се шегува: Претставен и Брант

Борусија Дортмунд во еден ден ги потроши средствата кои ги заработи од продажбата на Кристијан Пулишиќ во Челзи. Претходно денеска беше претставен Торган Азар, а само неколку часа подоцна Милионерите го официјализираа и трансферот на Јулијан Брант од редовите на Баер Леверкузен, за кого се исплатени 25 милиони евра.

Германскиот репрезентативец исто така потпиша петгодишен договор според кој ќе се задржи на „Сигнал Идуна Парк“ до 2024 година, а ова е трет официјален трансфер на вицешампионот, откако вчера го претставија и бекот Нико Шулц.

„Инстинктот ми велеше да го одберам Дортмунд и сметам дека не згрешив. Се чувствувам мотивирано и среќно, сакам да се докажам дека вредам што клубот вложи во мене. Титулата во Германија оваа сезона избега за многу малку, па затоа во следната сезона ќе дадам сè од себе и ќе се обидам на било каков начин да  му помогнам на клубот да освојув трофеи“, истакна Брант при претставувањето.

Крилниот офанзивец во дресот на Фармацевтите настапи на вкупно 215 меча на кои постигна 42 гола и 51 асистенција, а оваа сезона беше еден од најопасните додавачи во Бундеслигата со 11 асистенции.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести