Дожд од голови во Барселона и Минхен, Наполи верува дека уште има шанси (Видео)

Барселона води со 3:1 на полувреме против Наполи и е на многу блиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант одлично го почна мечот и во 10 минута поведе со голот со голава на дефанзивецот Ленгле од корнер.

По тој погодок, следуваше шоу на Лионел Меси. Аргентинецот беше незадржлив за петмина противнички играчи и погоди за 2:0. Подоцна Меси даде уште еден гол, но тој беше поништен поради играње со рака. Во 45 минута, Меси беше фаулиран во шеснаесетникот и беше досуден пенал за Барса. Луис Суарес погоди за 3:0 во 45+1 минута.

https://youtu.be/FL8TSJe2ro8

Надеж за гостите донесе погодокот на Лоренце Инсиње од пенал во 45+5 минута од првиот дел.

https://youtu.be/yXMnKXQ8IgM

Баерн води со 2:1 на полувремето против Челзи, но тука патникот за во следната рунда е познат, затоа што германскиот првак на првиот меч славеше со 3:0 во Лондон. Левандовски и Перишиќ погодуваа за домаќините, а Абрахам погоди за Челзи во 44 минута. Гостите дадоа уште еден погодок, кој беше поништен по консултација со ВАР системот.

- Оглас -

Најнови вести