Дури 13-мина играчи на Беланенсеш се заболени од новиот опасен мутиран облик на вирусот

Беланенсеш не го доигра мечот против Бенфика откако домаќините на почетокот на второто полувреме останаа со недоволен број фудбалери во поле. На денот на одигрување на средбата, од Беланенсеш пријавија дека дури 17-мина фудбалери им се позитивни на корона-вирусот и побараа да се одложи средбата против Бенфика.

Од Португалската фудбалска федерација не дозволија мечот да се одложи, па Беланенсеш започна само со деветмина играчи, од кои двајца беа голмани. Во една таква ситуација, Бенфика даде дури седум гола во првото полувреме.

На почетокот на вториот дел, двајца фудбалери на домаќините останаа во соблекувалната поради повреди, а само што започна вториот дел, уште еден играч се пожали на повреда, па само со шестмина фудбалери во поле, Беланенсеш немаше услови да доигра.

По направите дополнителни тестови, утврдено е дека дури 13-мина фудбалери на Беланенсеш се заразени од новиот мутиран облик на вирусот, наречен Омикрон.

- Оглас -

Најнови вести