Примија 7 гола во првиот дел, па решија да го предадат мечот (Видео)

Дуелот меѓу Беланенсеш и Бенфика не го дочека крајот. Беше прекинат на почетокот на второто полувреме, кога гостите останаа со само шест играчи, недоволно за да се игра.

Уште пред да почне, мечот беше неизвесен, затоа што домаќините имаа голем проблем со заразени фудбалери со Коронавирусот. Беланенсеш едвај собра девет играчи, од кои двајца беа голмани и мечот започна.

Бенфика започна силовито и по само 24 секунди поведе со 1:0, а до крајот на првото полувреме гостите постигнаа вкупно седум погодоци против противникот кој имаше двајца играчи помалку од првата секунда.

На почетокот на вториот дел, Беланенсеш излезе со шестмина фудбалери и еден голман, што е минимум за да се игра еден меч. Сепак, само што почна вториот дел, домашниот фудбалер кој ја шутна топката, падна на тревата и се пожали на повреда.

Откако тој реши да го напушти теренот поради повреда, едноставно домаќините останаа без минимален број на фудбалери на теренот, па судијата мораше предвреме да отсвири крај на средбата.

- Оглас -

Најнови вести