„Еден во два“, кога Де Бројне е разигран, за Белгија ништо не е невозможно (Видео)

Моментот од почетокот на второто полувреме кога Кевин Де Бројне влезе во игра, се покажа како клучен за победата на Белгија над Данска од 2-1, па сега Белгијците по две кола имаат максимални 6 бода.

Ѕвездата на Манчестер сити за првпат заигра на ова ЕП, и беше вистински џокер, бидејќи на полувреме Данска водеше со 1-0, а Де Бројне со прекрасна асистенција и одличен гол, го сврте резултатот во полза на неговата репрезентација. Првиот гол за Белгија го даде Торган Азар, а неговиот брат Еден му асистираше на Де Бројне за вториот.

На овој меч во Копенхаген, во десеттата минута имаше емотивна сцена, средбата беше прекината за присутните да му аплаудираат на Кристијан Ериксен.

https://www.youtube.com/watch?v=4LQRUCHYkuY

- Оглас -

Најнови вести