Егзодусот во Вардар продолжува: Заминува и Гедбан

Егзодусот во редовите на ракометниот европски шампион Вардар продолжува. Даинис Криштопанс сезоната ќе ја доигра во Фуксе Берлин пред да го облече дресот на ПСЖ, Спартак Москва го потврди ангажманот на Павел Атман, додека од претходно се знае за Данил Шишкарев дека од следната сезона ќе игра за Веспрем.

Калифа Гедбан, првиот избор на голот на Вардар, исто така најде ангажман, ќе брани за Адемар Леон. Алжирецот ќе ја задолжи опремата на шпанскиот тим во новата сезона и тој е последниот член на Црвено-црната фамилија кој го напушта скопскиот гигант.

Низата заминувања се случуваат од финансиски причини, на ракометарите веќе извесен период им доцнат платите. Инаку се очекуваат уште заминувања, пред сè на главните играчи.

- Оглас -

Најнови вести