Елиот застана во одбрана на играчот кој му ја скрши ногата: Вината не беше негова!

Харви Елиот, кој е еден од најталентираните фудбалери на Ливерпул, вчера доживеа страшна повреда на дуелот против Лидс. По еден дуел со Паскал Страјк, 18-годишниот фудбалер на Ливерпул остана да се превиткува од болка на теренот. Харви заврши во болница со скршеница на ногата, а Страјк заработи црвен картон, и тоа откако беше прегледана повторената ситуација. Харви не се согласува со одлуката на судијата дека противникот требало да биде исклучен.

„Тој воопшто немаше вина. Не ни беше стартот за црвен картон. Едноставно тоа беше ужасен инцидент, но такви работи се случуваат во фудбалот. Сто отсто ќе се вратам посилен. Благодарам на сите за подршката“, порача Елиот.

Според првичната прогноза, Елиот ќе биде надвор од теренот во следните шест месеци. Страшната повреда на играчот на Ливерпул може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести