Елмас за соиграч ќе има европски вицепрвак

Наполи го чекаше последниот ден од преодниот рок за да го официјализира ангажманот на Фернандо Љоренте. Како што беше најавено, шпанскиот напаѓач потпиша двегодишен договор со Наполитанците, а пристигна како слободен играч откако по крајот на минатата сезона му истече договорот со Тотенхем.

Наполи со овој ангажман дефинитивно го завршува летното пазарење. Целта беше да се доведе искусен голгетер кој може да биде од корист во клучни натпревари, а Љоренте има големо искуство кое го собра во Атлетик Билбао, Јувентус и Тотенхем, со кои претходно во јуни го загуби финалето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести