Емери се огласи по ангажманот на Артета: Подготвен е за следниот чекор

Арсенал денес го промовираше Микел Артета во нов менаџер, Шпанецот ќе биде на клупата на Топчиите во следните три и пол години, нормално, доколку резултатите ја задоволат управата на лондонскиот клуб. Иако голем дел од фудбалската јавност е против оваа одлука на некогашниот англиски првак бидејќи Артета нема доволно искуство да води клуб со вакво реноме, особено што ова му е прв сериозен предизвик.

Но, неодамнешата десна рака на Пеп Гвардиола доби поддршка токму од старегот кој го наследи на „Емирати“, Унаи Емери.

„Сметам дека Микел е подготвен е за следниот чекор во неговата тренерска кариера. И претходно беше во Арсенал, добро го познава клубот и сите кои се грижат за него. Премиер лигата веќе ја знае на памет, долго време е тука, а соработката со Пеп Гвардиола секако има своја тежина. Верувам дека ова е добра одлука на клубот, и би сакал навистина така да биде“, истакна Емери.

Артета го презеде Арсенал во доста кризен период. Топчиите по 17 кола во англискиот шампионат се вон трката за местата кои нудат излез во Европа, пред утрешното гостување кај Евертон стојат на 13-тата позиција со 22 бода и негативна гол-разлика од 24-27.

- Оглас -

Најнови вести