Есен сонува реприза од пред 68 години, му падна џек-пот во Германскиот куп

Ротвајс Есен продолжи да сонува реприза од подвигот во 1953 година, кога беа победници во Германскиот куп со победа во финалето против Алеманија Ахен со 2:1 пред 40 илјади публика во Диселдорф, а сега во четвртфиналето на патот до Берлин им стои Холштајн Кил.

Есен е единствен третолигаш што остана во конкуренција за пехарот, а денеска на ждрепката успеа да ги избегне фаворитите од Бундеслигата. Повторно ќе играат дома откако претходно приредија сензација и го елиминираа Баер Леверкузен.

Дерби на четвртфиналето ќе биде дуелот меѓу двете Борусии, а ќе се игра нокаут-меч во Менхенгладбах на 2 март. Второто дерби е уште еден дуел на бундеслигаши. Лајцпиг ќе му биде домаќин на Волфсбург во меч за полуфинале на 3 март.

Последниот дуел во четвртфиналето е меѓу Јан Регенсбург и Вердер, а второлигашот ќе биде домаќин. Финалето ќе се игра во Берлин на 13 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести