Кошаркарската репрезентација на Естонија во следните 10 дена ќе одигра четири контролни меча на кои ќе треба да се види формата на националниот тим пред продолжувањето на квалификациите за пласман на ЕП 2021. Естонија во квалификациите е во група со Македонија, Италија и Русија.
Во првото коло Естонија како гостин со 81:72 ја победи Македонија во Скопје. Нашите репрезентативци подоцна загубија и на гости кај Русија со 77:67 и се на последното место во групата.
Естонија прво ќе биде дел од меѓународен турниор „Балтик куп“, кој од 24 до 26 јули ќе се одржи во Талин, каде што ќе игра против Литванија и Летонија. По тие два меча, Естонија ќе игра контролни дуели и против Финска, и тоа на 29 и 30 јули.