Еурофарм Пелистер овојпат „гостува“ во Битола, но веќе го има рецептот за победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од 17 часот во салата „Боро Чурлески“ во Битола го играат вториот натпревар од ЕХФ Европската лига против Татабања, а официјално унгарскиот тим ќе биде домаќин.

Вчера битолчани победија со 21-19, а според квотите во Sport Life, македонскиот тим и денеска е фаворит на хартија.

Тренерот Жељко Бабиќ реши да не прави измени во составот, па пелистерци повторно нема да сметаат на Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Милан Ѓукиќ и Благојче Трајковски.

„Татабања е цврст тим, нивниот тренер преферира добра одбрана. Следува нова пресметка, верувам дека ќе биде нов неизвесен дуел затоа што противникот никогаш не се предава. Доаѓа нова борба, за секоја топка, за секој метар“, изјави Бабиќ, тренерот на битолчани.

- Оглас -

Најнови вести