Евертон победи со гол во 99-тата минута, но шоуто го украде човекот кој се врза на стативата (Видео)

Необичен беше дуелот меѓу Евертон и Њукасл, а на крајот домаќините се радуваа на трите бода. Карамелите славеа со 1:0, и тоа благодарение на погодокот на Алекс Ивоби во 90+9 минута од мечот.

Средбата беше продолжена дури за 18 минути, а причина за тоа е неочекуваниот прекин што беше на почетокот на второто полувреме. Еден гледач втрча на теренот и се врза за стативата. Повеќе од десетмина луѓе се мачеа да го одврзат, а прекинот траеше десетина минути.

Токму поради тоа судијата даде 14 минути продолжување, а Ивоби во 99-тата минута погоди за голема радост на домаќините. Благодарение на оваа победа, Евертон избега од зоната за испаѓање и сега има 25 бодови на 17-тата позиција. Њукасл остана на 14-тото место со 31 бод.

- Оглас -

Најнови вести