Фаталната жена од „случајот на Икарди“ во нова афера со фудбалер

Сапуницата меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара се чини дека нема крај, а жената со којашто фудбалерот ја изневери својата сопруга имала нова афера, и тоа со друг играч.

Станува збор за ѕвездата на Атлетико Мадрид, Родриго де Паул, кој живее со својата девојка Камила Хомс, а со неа има едно дете. Сепак, аргентинските медиуми тврдат дека и Де Паул имал афера со Чина Суарез.

„Не знам од каде излегоа овие информации, но јас не ја знам таа жена, ниту сум разговарал со неа“ ,изјави играчот на Атлетико Мадрид по повод ваквите вести.

Останува да се види во наредните денови дали ова што го кажа Де Паул е вистина или пак и него го очекува истата сапуница како во случајот со неговиот репрезентативен колега.

- Оглас -

Најнови вести