Федерер не е како Надал, тој почесто си плаче

Иако на терен не делува како премногу емотивен тип, сепак Роџер Федерер почесто ќе го видите како плаче отколку, на пример, Рафаел Надал. Откако чичкото Тони Надал рече дека Рафа само еднаш плачел по пораз, и тоа во 2007 година, сега самиот Федерер призна дека последен пат плачел летоска по поразот во финалето на Вимблдон.

Федерер во финалето на Вимблдон имаше две меч-топки, но не успеа да го победи најдобриот тенисер на светот според АТП-листата, Новак Ѓоковиќ, и остана без деветтата титула на гренд слем турнирот кој се игра на тревната подлога. Швајцарецот додека беше на терен по финалето и при доделувањето на пехарите не заплака, но кога отишол во соблекувална, не успеал да издржи.

„Кога плачев за последен пат? Пред два месеци на Вимблдон. На терен се воздржував, но во соблекувална при првиот коментар од типот дека ’сум немал среќа или дека бев многу блиску до победата’, се прекршив и пуштив солзи“,  рече Федерер, кој годинава не освои ниту еден гренд слем и кажа дека ќе игра и на наредниот Вимблдон, а потоа ќе одлучи дали ќе се продолжи или ќе се пензионира.

- Оглас -

Најнови вести