Фенер и Елмас се израдуваа и покрај комичниот авто-гол (видео)

Фенербахче славеше со 3-1 на гостувањето кај Касимпаша во меч во кој стрелец беше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Супер-талентираниот играч за врска на Македонија го постигна израмнувачкиот гол за 1-1 во 20-тата минутаа гостите од Истанбул претходно примија комичен авто-гол.

Голманот Текин во обид да ја смири топката му помина под нога и влезе во голот на Фенербахче. За нивна среќа Елмас беше прецизен и го најави пресвртот, а за победата и потврда на трите бода погодија Валбуена и Солдадо во второто полувреме.

Фенербахче по овој меч има 37 бода и стои на 12-тото место на табелата, додека Касимпаша е две места погоре со 38 бода.

- Оглас -

Најнови вести