Ферари може само да сонува победа во јубилејната 1.000 трка

Ферари сезонава нема многу причини за славје, но секако дека викендов имаат што да одбележат. По јубилеен 1.000 пати болидите на Ферари ќе се најдат на трка од Формула 1 шампионатот. Да биде уште поубаво за Ферари, трката се вози на патеката Муџело, која е дом на прославениот италијански тим.

Сепак, освен јубилејот, други причини за славје тешко дека ќе има по денешната трка. Возачите на Мерцедес вчера доминираа на патеката и без проблеми стигнаа до еден-два на стартната позиција. Шарлс Леклер со Ферарито ќе тргне од петата позиција, а себастијан Фетел ќе стартува дури од 14-тото место.

Според коефициентите во Sport Life, шансите за победа на Леклер се со коефициент 45, додека Фетел е со коефициент 850!

 

- Оглас -

Најнови вести