Фердинанд му одговори на Карагер: „Ми ги носеше копачките кога игравме за Англија“

Џејми Карагер во емисија го нарече кловн Рио Фердинанд, а сега следуваше одговор на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед.

Фердинанд има свој подкаст и таму ја коментираше изјавата на Карагер.

„Знаете што е лудо? Карагер ја сака нашата емисија. Кога ја гледа, тој покажува љубов. Се ракуваме и се смееме кога ќе се видиме. Не знам зошто покажува непријателство, не разбирам. Беше во нашата емисија, се гледаме, сè е во ред. Ми ги носеше копачките кога игравме за репрезентацијата на Англија“, не остана должен ниту Рио Фердинанд на навредата од Карагер.

- Оглас -

Најнови вести