Фернандеш е подготвен пак да шутира пенал, но дали ќе добие нова шанса покрај Роналдо?

Бруно Фернандеш е трагичарот во вчерашните мечеви од Премиер лигата, откако промаши пенал, по кој Манчестер јунајтед дома загуби од Астон вила со 0:1. Португалецот кои имаше погодено 21 од претходните 22 шута од белата точка во дресот на Црвените ѓаволи, се посрамоти против ривалот од Бирмингем.

Беше досуден пенал за Манчестер во судиското надополнување, а Фернандеш без двоумење ја превзема одговорноста, иако покрај него сега е и Кристијано Роналдо.

Играчот кој речиси две години е главен изведувач на ударите од белата точка, вели дека ја прифаќа одговорноста, но и дека е подоготвен повторно да шутира пенал.

„Никој не е повеќе разочаран од мене за тоа што не успеав да погодам од белата точка. Секогаш сум ја прифаќал одговорноста, го сакам моментот на такви притисоци, но овојпат не успеав да погодам. За разлика од многу пати претходно кога топката завршуваше во мрежата, овојпат тоа не се случи. Свесен сум за критиките кои ќе ги има, но јас сум професионалец и ќе ги прифатам. Секогаш го давам најдоброто и така ќе остане. Ќе се вратам уште посилен и ако е потребно повторно ќе шутирам пенали и ќе погодувам. Благодарам на поддршката што ја добив, ова беше многу емотивно за мене“, рече Фернандеш.

Пред да го шутира пеналот против Астон вила, Роналдо се обиде да ја добие топката од Фернандеш, но Бруно воопшто не размисли за тоа да му ја препушти одогворноста на Кристијано. По овој промашен пенал, ќе биде интересно да видиме дали тренерот Оле Гунар Солскјер ќе го смени Фернандеш и дали Роналдо кој во Реал и Јувентус повеќе од деценија беше прв егзекутор од 11 метри, сега ќе добие предност и во Манчестер.

 

- Оглас -

Најнови вести