Ферстапен го навреди ривалот со „Монголец“, Владата на Монголија бара казна за возачот на Ред бул

Макс Ферстапен го навлече гневот на Владата на Монголија, откако пред последната трка во Формула 1 го навреди Ленс Строл, возачот на Рејсинг поинт, нарекувајќи го „Монгол“. Строл се судри со Ферстапен за време на слободниот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Португалија која се одржа минатата недела, по што возачот на Ред бул „експлодира“ со низа навреди кон Строл.

„Дали ова момче е еб*но слепо? Што не е во ред со него? Колку е ретартиран, Исусе Христе, ми го оштети болидот. Монголец!“, се развика Ферстапен на радио-врската со својот тим, по што целиот разговор беше снимен.

Поради тоа Владата на Монголија бара казна за Холанѓанецот, иако тој се извини со оправдување дека немал намера да навреди никого.

„Спортот се смета за симбол на единството ширум светот и сметаме дека не треба да постои никаква расна дискриминација. Шампионатот во Формула 1 се одржува под слоганот „Се тркаме како еден“, чиј што е цел да се отстрани расизмот. Се надеваме дек ФИА ќе преземе потребни чекори за да го сакнционира возачот на Ред бул, Макс Ферстапен, поради непрофесионално однесување и користење расистички навреди“, пишува во соопштението на Министерот во Обединетите Нации, Пуревсурен Лундег.

Инаку, Ферстапен на таа трка го освои третото место, а утре на патеката Имола во Италија ќе стартува од третата позиција зад болидите на Мерцедес.

- Оглас -

Најнови вести