Ферстапен казнет со три места за трката во Сочи, а го обвини Хамилтон за судирот

Макс Ферстапен е казнет со одземање на три места во зависност од неговиот пласман на следната трка за Големата награда на Русија, поради предизвиканиот судир со Луис Хамилтон за време на италијанското Гран при во Монца.

Според дисциплинската комисија на Формула 1, Ферстапен не е потполно виновен за инцидентот, меѓутоа Холанѓанецот намерно задоцни со маневарот при свиокот со цел да изгради простор за претекнување, додека пак Хамилтон можел да му ослободи простор, но не бил обврзан бидејќи немал намера да предизвика судир.

Во меѓувреме Ферстапен го обвини Хамилтон за судирот бидејќи не му оставил простор да го претекне иако му било јасно дека не може да ја задржи позицијата.

„Уште кога виде дека тргнав во напад почна да ме притиска. Не ми остави простор да го претекнам иако беше јасно дека доколку го стори тоа, веќе при правиот дел од патеката ќе можеше да ја врати позицијата. Сепак, тој не ми остави воопшто простор и морав да поминам преку поткренатиот дел од свиокот, и кога веќе немав каде да одам се случи судирот, иако се обидов на секаков начин да избегнам такво нешто“, посочи Ферстапен по трката.

Инаку безбедносниот ореол поставен на секој болид кој ги штити главите на возачите, денес се покажа како спасител за актуелниот светски шампион бидејќи инцидентот можеше да заврши многу полошо.

Следното Гран при во Сочи, Русија, ќе се вози на 26 септември.

- Оглас -

Најнови вести